ЕУ не предвидува промени во присуството во Ирак

Од:

Засега ЕУ не предвидува промена во своето присуство во Ирак, изјави портпарол на Европската комисија.

Според неговите зборови, ситуацијата во регионот е многу динамична и изјава на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен се очекува во текот на денот.

Портпаролот додаде дека поканата до иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Зариф да го посети Брисел е отворена.

Според него, досега нема одговор дали Техеран ја прифаќа поканата од шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

– Никој не е заинтересиран дополнително да ја влоши ситуацијата. Во интерес на ЕУ е да се одржи нуклеарниот договор со Иран и пред да преземеме некој голем чекор, ќе ја земеме предвид проценката на Меѓународната агенција за атомска енергија, додаде портпаролот.

Според него, се уште не е можно да се потврди или негира дека е во план вонреден состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он