ЕУ не е задоволна од составот на владата во Авганистан

Од:

Портпаролот за надворешна политика на ЕУ, Петер Стано изјави дека назначените членови на привремената талибанска влада во Авганистан не ги задоволуваат критериумите на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Талибанците го обелоденија составот на новата преодна власт пред два дена, за Европската Унија овој состав не е доволно инклузивен и репрезентативен за етничкиот диверзитет на Авганистан.

Врз основа на ова, денеска на редовниот брифинг за новинари во Европската Комисија, Стано рече дека „Европската Унија ќе одлучува во наредниот период на кој начин и во која мерка ќе соработува со Авганистан“.

– Ова не личи на инклузивна влада и не е тоа што Талибанците го ветуваа, назначување лица кои го одразуваат етничкиот и културниот диверзитет на Авганистан. Еден од критериумите поставени од министрите за надворешни работи на ЕУ е етаблирање на инклузивна влада, и врз основа на овие критериуми, тие ќе одлучат за нивото на ангажман на ЕУ, но ова веќе не ги задоволува нашите очекувања, изјави портпаролот за надворешни работи.

Европската Унија пред неколку дена формулираше пет „бенчмаркови“ или критериуми кои очекува да бидат исполнети од страна на преодната авганистанска влада.

Критериумите на ЕУ се: да се обезбеди дека Авганистан нема да служи како база за меѓународен тероризам; почитување на човековите права и посебно правата на жените; креирање инклузивна влада која ќе го одразува диверзитетот на земјата; обезбедување слободен пристап за хуманитарна помош и конечно исполнување на ветувањето дека странските државјани слободно ќе можат да ја напуштат државата.

Денеска Европската Комисија се произнесе за недостигот на родов и етнички диверзитет. Во наредните денови министрите за надворешни работи на ЕУ ќе дискутираат за сите пет критериуми и нивното исполнување, врз основа на што ќе се донесе одлука на кој начин ЕУ ќе продолжи да соработува со Авганистан.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он