ЕУ конфискуваше фалсификувана стока вредна 1,3 милијарди долари

Од:

Европската унија соопшти дека нејзините царински службеници минатата година конфискувале 115 милиони фалсификувани артикли, вредни 1,3 милијарди евра, од кои повеќето можат да бидат опасни по здравјето на луѓето.

Во соопштението на ЕУ се наведува дека 73 проценти од фалсификатите потекнуваат од Кина. Меѓу одземената стока најмногу има лекови, кои сочинуваат 24 проценти од конфискуваната стока.

Преостанатата фалсификувана стока ја сочинуваат цигари, алкохол, безалкохолни пијалоци и мобилни телефони.

Комесарот на ЕУ за царина Алгирадас Шемета во соопштението укажува дека царината е првата линија на одбрана на ЕУ од лажни производи, кои претставуваат закана за безбедноста на граѓаните и за легалното работење.

Количината на конфискуваната стока била поголема за 15 отсто во однос на претходната година.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски