ЕУ ќе ја одложи ратификацијата на спогодбата за соработка со Тајланд

Од:

Според најновите извештаи од Брисел, Европската унија нема да го ратификува новиот договор за економска, културна и воена соработка со Тајланд, се додека воената хунта не ја врати власта на демократски избрана влада.

Советот на министри во Брисел веќе има одлука за замрзнување на сите официјални контакти со воената хунта, а најголем број европски држави издадоа упатства нивните граѓани да го избегнуваат престојот во Тајланд.

Договорот за партнерство и соработка меѓу ЕУ и Тајланд беше комплетиран во ноември минатата година, но ратификацијата се одлагаше поради немирите што токму тогаш започнаа, а дефинитивно се одложи кога на 22 мај војската ја презеде власта.

Минатата година економската размена меѓу државите на ЕУ со Тајланд била 32 милијарди евра. Нема податоци колку изнесувала вредноста на трговијата со оружје и муниција, а познато е дека Тајланд е голем купувач на оружје и воена опрема.

Најавено е дека ЕУ и официјално ќе објави дека односите со Тајланд ќе бидат редуцирани, но дека внимателно ќе се следи развојот на настаните во таа држава. Планот на воената хунта, според кој враќањето на демократијата и оддржувањето на изборите ќе трае една до една и пол година, според Брисел, е долг период и во посебна изјава ЕУ ќе побара да се скратат роковите што хунтата ги соопшти како своја политичка проекција.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он