ЕУ ќе даде речиси половина милијарда евра за сириските бегалци

Од:

Европската комисија соопшти дека оваа година за бегалците ќе обезбеди 445 милиони евра. Средствата ќе бидат наменети за Сиријците, кои се во нивната татковина, како и за оние кои избегале во Либан, Јордан и Турција, јави БТА.

Еврокомесарот за хуманитарните активности Христос Стилианидис изјави дека ситуацијата во Сирија претставува слична катастрофа како онаа за време на Втората светска војна.

– ЕУ ќе ги поддржува Сиријците дотогаш, до кога е потребно, додаде тој.

Средствата ќе послужат за обезбедување вода, засолништа, храна и лекарства.

Сирија ќе добие 140 милиони евра, Либан – 87 милиони евра, Јордан – 53 милиони евра, а Турција 165 милиони евра.

ЕК забележува дека пет години по почетокот на војната во Сирија речиси половина од населението е раселено.

Би можело да ве интересира

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина