ЕУ ја тужи Британија пред СТО поради зелените субвенции

Од:

Европската унија ја започна својата прва тужба против Велика Британија пред Светската трговска организација (СТО), тврдејќи дека при доделувањето зелени субвенции ги фаворизира домашните компании.

Според Европската комисија, критериумите што ги користи британската влада за доделување субвенции за проекти за изградба на ветерници на море се во корист на британските компании.

„Ова го прекршува основниот принцип на СТО дека увозот мора да биде способен да се натпреварува на еднаква основа со домашните производи и им штети на добавувачите на ЕУ, вклучително и многу мали и средни претпријатија, во секторот зелена енергија“, соопшти ЕК во понеделникот.

Истовремено, ваквата пракса ќе ги зголеми трошоците за производство и може да го забави воведувањето на зелена енергија, предупредуваат тие.

Европската унија испрати формална жалба до Велика Британија, но не доби задоволителен одговор, посочуваат од Брисел.

Споровите пред СТО започнуваат со формални 60-дневни консултации на конфликтните страни. Доколку не го реши спорот со Лондон, ЕУ може да побара пресуда од панелот на СТО.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година