Европската комисија оцени дека неразбирлива и неприфатлива, дури и опасна е критиката на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле за работата на Комисијата.
-Тоа многу не изненади-изјави анонимен претставник на Комисијата и додаде дека тоа може да се гледа како опасно доколку Германија се одалечува од заедничкиот пат на Европа.
Шојбле на еден форум во Берлин нагласи дека ЕУ треба да биде побрза и поефикасна, на пример во областа за борба против невработеноста на младите.
-Европските институции се секогаш најспори во реагирањето-нагласи тој.
Елена Георгиевска