ЕУ испрати ново предупредување до Будимпешта, се закани со суспензија на европски фондови

Од:

Европската комисија испрати ново предупредување до Унгарија поради непочитување на владеењето на правото, а процедурата може да доведе до суспензија на некои фондови кои и се даваат на земјата.

„Европската комисија смета дека Унгарија не доставила соодветни корективни мерки“, се наведува во соопштението на Комисијата, потврдувајќи ја информацијата на унгарскиот весник „Непсава“, пренесе Бета.

На крајот на април, Брисел покрена механизам за условување против Будимпешта, кој досега не беше користен во ЕУ, поради загриженоста за користењето на европскиот буџет од Унгарија.

Тоа е поврзано со спроведувањето на јавните набавки, недоволната контрола и транспарентност во користењето на средствата и недоволната борба против проневера и корупција.

Сепак, одговорот на Унгарија на покренувањето на таа постапка беше оценет како недоволен и комесарот за буџет Јоханес Хан доби задача денеска да испрати ново писмо до унгарските власти.

Во дописот ќе бидат предложени мерки во однос на суспендирање или намалување на одредени европски фондови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Унгарија и Словачка сугерираат дека се жртви на биотероризмот

Горан Наумовски

Орбан: Интеграцијата на Украина во ЕУ би го попречила развојот на Унгарија

Орбан: Луѓето кои работат против интересите на Унгарија во Брисел треба да исчезнат од јавниот живот

Унгарија ги затвора границите и масовно коле добиток: „Можеби е биолошки напад“

Бока: Македонија е земја-кандидат од 2005 година и верувам дека вистинското место на земјата веќе требаше да биде ЕУ

Орбан: Унгарија не може да учествува во политички извалканиот Меѓународен кривичен суд