ЕУ им даде 50 возила на украинските безбедносни сили, Британија најави помош

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предаде 50 возила на украинската полиција и обвинителство како дел од одбележувањето на втората годишнина од руската инвазија, а Обединетото Кралство најави и нова воена и хуманитарна помош, јавуваат агенциите.

Теренските возила ќе помогнат да се „воспостави безбедност и стабилност на териториите ослободени од украинските вооружени сили и ќе му помогнат на населението“, напиша на X, Урсула фон дер Лајен.

„Оваа пратка доаѓа набргу откако ЕУ испрати модерна машина за деминирање во Украина. Со оваа опрема ја поддржуваме Украина во нејзините напори да ги направи ослободените области повторно безбедни“, рече таа, според соопштението на Европската комисија.

Обединетото Кралство во саботата објави нов пакет помош за Украина во вредност од 245 милиони фунти (287 милиони евра) за муниција и 8,5 милиони фунти (9,9 милиони евра) хуманитарна помош, пренесе АФП.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања