ЕУ и НАТО: Терористичкиот напад во Париз е варварски чин и напад врз слободата на печатот

Од:

Европската унија и Северно-атлантската алијанса (НАТО) изразија силна осуда на терористичкиот напад врз канцелариите на сатиричниот неделник „Шарли ебдо” во Париз, во кој според најновите информации 12 лица го загубија животот.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го осудија овој терористички акт од засега непознати лица, нарекувајќи го варварски чин.

– Длабоко сум шокиран од бруталниот и нехуман напад што се случи во канцелариите на списанието „Шарли ебдо”. Ова е недопустливо дело, варварство што не допира сите нас како човечки суштества и Европејци. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства во мое лично име и во име на Европската комисија ја изразувам нашата најголема солидарност со Франција,истакна челникот на неформалната Влада на ЕУ, Јункер.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг исто така силно го осуди терористичкиот напад во канцеларијата на францускиот неделник. Според наследникот на Андерс Фог Расмусен, ова е варварски чин и срамотен напад врз слободата на печатот.

– Моите мисли се со жртвите и нивните семејства. Ние сме во целосна солидарност со нашиот сојузник Франција. Сите НАТО-сојузници стојат заедно во борбата против тероризмот. Тероризмот во сите негови форми и манифестации никогаш не може да се толерира или оправда – гласи пораката на Столтенберг.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ