Државите членки на Европската унија денеска повторно не се договорија да донесат одлука за предлогот на Европската комисија да се дозволи употреба на глифосат- хербицид, за кој се сомневаат дека е канцероген, да се продолжи на уште пет години.
Се наведува дека ЕК пред повеќе од две недели предложи дозволата за употреба која истекува на 15 декември, да се продолжи за следните 10 години. ЕК откако увиде дека нема да добие поддршка за тој предлог, го намали рокот на пет години, но повторно не успеа да обезбеди поддршка. Четиринаесет држави го поддржаа предлогот на Комисијата, девет беа против и пет воздржани.