ЕУ и Арапска лига без заедничка декларација по средбата во Брисел

Од:

Европска Унија и Арапска лига соопштија дека постигнале разбирање за решавање на конфликтите во Сирија и во Јемен, како и за забавените блискоисточни мировни преговори, но и дека не успеаја да се согласат за објавување на заедничко декларација по состанокот во Брисел.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини изјави дека во разговорите имале од 90 до 95 отсто усогласено мислење за проблемите со колегите од АЛ.

Генералниот секретар на АЛ, Ахмед Абул Геит истакна дека повеќе компликации имало од европската отколку од арапската страна, но Могерини не се согласи со неговиот став.

Заедничка изјава по средбата не е издадена откако Унгарија се спротистави на некои тези за миграцијата кои требало да бидат во декларација.

Би можело да ве интересира

Калас: Русија нема интерес за мир во Украина

ЕУ ќе обезбеди дополнителна воена помош за Украина

Заклучоците за Украина усвоени во Брисел, „за“ беа 26 од 27 земји

Горан Наумовски

Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка на самитот во Брисел

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ