ЕУ годишно губи до 120 милијарди евра поради корупцијата

Од:

Европската унија годишно губи до 120 милијарди евра поради корупција, изјави денеска еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малстром.

– Од 20 до 25 проценти од вредноста на државните договори одат во џебовите на чиновниците. Вкупните нарачки во земјите од ЕУ се околу 15 отсто од Бруто домашниот производ на Унијата, додаде Малстром.

Највисокото ниво на корумпираност е забележано во државните апарати на Бугарија, Романија, Чешка, Словачка и Италија.

Тројца на секој петти раководител на мали компании во Чешка изјавуваат дека се принудени да прибегнуваат кон мито за да победат на тендерите. Бугарија едноставно не ги објавува податоците за договорите и резултатите од тендерите за јавни набавки. Таква пракса има и во Италија, Грција, Португалија и Шпанија, кои имаат сериозни недостатоци во сферата на пресметките во државниот сектор.

Европската комисија се надева дека поттик за решавање на овој проблем ќе биде објавувањето на антикорупциските извештаи оваа година.

Во меѓувреме Финска и Германија соопштија дека неподготвеноста на Романија и Бугарија да се борат со митото и корупцијата е главна причина, поради која тие не се согласуваат овие две членки на Унијата да влезат во Шенген зоната.

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина