ЕУ ги засили санкциите кон Крим и Севастопољ

Од:

Советот на Европската унија, денеска воведе дополнителни санкции за инвестиции, услуги и промет за Крим и Севастопољ, поради, како што се наведува, илегалната анексија на овие украински области од страна на Руската Федерација.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, овие нови санкции се со цел да се зајакне политиката на Унијата за непризнавање на нивната илегална анексија од страна на Русија.

Во соопштението на Советот на ЕУ се наведува дека од 20 декември, инвестициите на Крим и Севастопољ се забранети за Европејците и компании со седишта во Унијата не ќе можат повеќе да купуваат недвижен имот или други субјекти на Крим, да финансираат кримски фирми или да врпат услуги за нив. Покрај тоа, операторите од ЕУ ќе немаат повеќе дозвола да нудат туристички услуги на Крим и во Севастопољ.

– Европските бродови за крстарење повеќе нема да се застануваат во пристаништата на Кримскиот Полуостров, освен во случај на вонредна состојба. Ова важи за сите бродови во сопственост или под контрола на европска земја или оние што ќе пловат под знамето на некоја земја-членка на Унијата, а постојните договори за крстарење може да траат до 20 март 2015, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

Исто така, денеска е забранет извоз на одредени стоки и технологија за кримските компании или за нивна употреба во Крим. Ова се однесуваат на транспортот, телекомуникациите и енергетскиот сектор или ископувања, истражувањата и производство на нафта, гас и минерални ресурси. ЕУ исто така забрани да се обезбедуваат техничка помош, посредување, изградба или инженерски услуги поврзани со инфраструктурата во истиот сектор.

Инаку, денешната одлука е донесена со писмена постапка, при што правните текстови се достапни и ќе бидат објавени во Службениот весник на Унијата на 19 декември, додека мерките ќе се применуваат од 20-ти декември.

Овие мерки се додаток на забраната за увоз на стоки од Крим и Севастопољ, воведени во јуни, како и ограничувањата воведени во јули на трговијата и инвестициите во врска со одредени економски сектори и за инфраструктурни проекти.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ