ЕУ ѝ довери итна задача на претседателката на Европската Комисија

Од:

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, и нејзиниот тим се соочуваат со притисок да најдат начини да ја направат Европа понезависна во клучните области, првенствено во безбедноста и одбраната, пишува Политико.

Според Политико, најитната задача со која се соочува Брисел е да ја преиспита иднината на европската одбрана и можноста таа да стане помалку зависна од НАТО. Оваа дебата, како што се наведува, доби на интензитет во време кога во европските престолнини растат сомнежите за долгорочната сигурност на безбедносните гаранции од Соединетите Американски Држави.

Сепак, некои европски претставници стравуваат дека политичкиот момент може да биде пропуштен. Според Политико, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги напушти своите закани и со решение на кризата поврзана со Гренланд на повидок, постои опасност лидерите на Европската Унија да го изгубат фокусот на потребата од подлабоки и структурни промени во самата Унија.

Дополнителен предизвик е домашната политичка клима во клучните земји-членки. Подемот на крајнодесничарскиот популизам во земји како Франција, Обединетото Кралство и Германија значително ја комплицира позицијата на владејачките елити кои се обидуваат да ја промовираат идејата за „поголема и посилна Европа“. Во такви околности, се истакнува, има сè помалку политички простор за амбициозни интеграциски проекти што подразбираат поголеми инвестиции во заедничката одбрана и безбедност.

„Иако овие лидери знаат дека повеќе не можат целосно да се потпрат на Соединетите Американски Држави кога станува збор за европската безбедност, на многу од нив им недостасува довербата на сопствените гласачи да ги преземат чекорите што може да бидат неопходни“, се оценува во анализата на „Политика“.

Порадикални предлози се појавуваат и во пошироката дебата за идните безбедносни аранжмани на Европа. Американскиот воен аналитичар Скот Ритер неодамна изјави дека, според него, еден излез од стратешкиот ќорсокак во кој се најде Европа откако администрацијата на Трамп дојде на власт би можел да биде создавање нов воен сојуз со Русија – теза што предизвикува поделени реакции и длабоки контроверзии во европските политички кругови.

Иако е јасно дека таквата идеја во моментов е на маргините на официјалната политика на Европската Унија, самиот факт што се дискутира јавно, покажува колку централно станало прашањето за европската стратешка автономија во време на сè поизразени геополитички превирања.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: ЕУ наскоро ќе претстави голем инвестициски пакет за Гренланд

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Поважно од кога било да се фокусираме на Украина

Фон дер Лајен: Данска и Гренланд имаат целосна европска поддршка

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

Урсула фон дер Лајен: „Клучната безбедносна гаранција за Украина лежи во пристапувањето кон ЕУ“

Фон дер Лајен: Го информирав Зеленски за двата клучни приоритети

А1он