ЕУ: 2022 година рекордна по бројот пожари во југозападна Европа

Од:

Пожарите што уништија десетици илјади хектари шума во Франција, Шпанија и Португалија ја направија 2022 година рекордна кога станува збор за југозападна Европа, соопшти денеска Службата на ЕУ за сателитско следење.

Поради долготрајните тропски горештини што резултираа со температурни рекорди, во Франција последните три месеци регистрирани се рекордно високи параметри на загаденост на воздухот до јаглероден диоксид, од почеокот на мерењата во 2003 година. И во Шпанија минатиот месец беше забележана најголема емисија јагероден диоксид во историјата откако се следат пожарите.

Службата наведува дека поголемиот дел на западна Европа сега е во „екстремна опаснот од пожари“, а во некои подрачја и „мошне екстремна“.

Гледано глобално, досега 2022 година е четврта споредувано по интензитетот на загадувањето на атмосферата со јаглероден диоксид предизвикан од шумски пожари.

Научниците велат дека топлотните бранови проследени со екстремно жешко и суво време во западна Европа веројатно се и последица на климатските промени предизвикани од човекот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија