„Етиопиан ерлајнс“ ги приземји сите свои Боинг 737 Mакс авиони

Од:

Авиокомпанијата „Етиопиан ерлајнс“ ја приземји флотата од Боинг 737 Макс авиони по вчерашнара несреќа со овој тип авион во која загинаа 157 лица.

Компанијата издаде соопштение во кое се вели дека ваквиот чекор е преземен како „дополнителна безбедносна мерка за претпазливост“ по вчерашната фаталната несреќа.

– Иако сé уште не ја знаеме причината за несреќата, моравме да одлучиме да ја приземјиме таа флота како дополнителна мерка на безбедност, се истакнува во соопштеието.

И Кина претходно соопшти дека нејзините воздухопловни власти ги приземјиле сите авиони Боинг 737 Макс, во очекување на понатамошна истрага.

Би можело да ве интересира

Стјуардеса од Белград e тешко повредена во авионската несреќа во Торонто

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

ВИДЕО: Откриена причината за фаталната несреќа на хеликоптерот и авионот над Вашингтон

ВИДЕО: Повторно се урна авион во САД, нема преживеани

Катерина Ѓуровски

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон