Еспер: Се надевам на обнова на дипломатските односи со Пјонгјанг

Од:

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денеска дека се уште се надева дека САД можат да ги обноват дипломатските односи со Северна Кореја, додека истекува рокот што Пјонгјанг му го даде на Вашингтон со барање за нови отстапки за нуклеарното оружје на Северна Кореја до крајот на годинава.

– Се уште се надевам дека можеме да го започнеме тој процес повторно и да останеме на дипломатскиот пат, рече Еспер.

Тој додаде дека, со поддршка на дипломатите, мора да се осигура дека САД се на високо ниво на приправност, „подготвени да се борат и да победат, и вечерва доколку е потребно“.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот