Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денеска дека американските трупи нема да учествуваат во формирањето на таканаречената безбедносна зона во северна Сирија.
Тој исто така рече дека САД „продолжуваат со намерното повлекување од североисточна Сирија“.
– Американските копнени сили нема да учествуваат во формирањето на безбедносната зона, но ние, сепак, ќе останеме во комуникација и со Турција и со СДФ (сириските демократски сили), рече Еспер.