Еспер: Ќе треба уште малку време за целосното повлекување на американските војници од Кобани

Од:

За комплетно повлекување на американските војници од областа Кобани, на североистокот од Сирија, во близина на границата со Турција, ќе треба уште една недела или можеби малку повеќе, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер.

Еспер изјави дека, откако ќе се заврши делумното повлекување на војниците, американската војската во Сирија и натаму ќе има 600 војници, што е помалку од 1.000 колку што беа пред минатомесечната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување од Сирија, наведуваат британските медиуми.

Тој додаде дека САД и натаму ги поддржуваат Сириските демократски сили (СДФ) кои ги предводат Курдите, а кои Турција ги смета за терористичка група.

-Се уште сме партнери со нив. И натаму им пружаме помош, рече Еспер, и истакна дека СДФ имаат голема улога во спречувањето на препородот на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија