Еспер: Американските војници од Сирија ќе бидат стационирани во западен Ирак

Од:

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави дека според моменталните планови, сите американски војници заминуваат од Сирија и ќе бидат стационирани во западен Ирак.

Тој додаде дека американските војници ќе ги продолжат операциите против Исламска држава со цел да спречат „оживување“ на џихадистичката група.

Еспер истакна дека не ја исклучува можноста американските сили од Ирак да спроведуваат мисии против терористите во Сирија, додавајќи оти дополнително ќе се разработат деталите за таквите акции.

Шефот на Пентагон е прв кој прецизира каде американските војници ќе бидат стационирани откако ќе заминат од Сирија и како би можела да изгледа борбата против ИД.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија