Американскиот министер за одбрана Марк Еспер одобри употреба на 3,6 милијарди долари од планираните средства за воени проекти за изградба на ѕидот долг речиси 282 километри долж границата со Мексико. Од првиот ден на својот мандат ѕидот кон Мексико го бара американскиот претседател Доналд Трамп, пренесоа американските медиуми.
Официјални претставници на Пентагон не сакаа да откријат кои 127 проекти ќе бидат оштетени, но кажаа дека деталите ќе бидат познати денеска кога за ова ќе биде информиран Конгресот, додаваат американските медиуми.
Според нив, половина од парите ќе дојдат од воени проекти во САД, додека остатокот од парите ќе дојдат од проекти во други земји.
Трамп прогласи вонредна состојба за да ги искористи воените и другите сојузни фондови за изградба на ѕидот, откако Конгресот обезбеди само 5,5 милијарди долари што претседателот ги бараше.