ЕСИ предлага „Меркелов план“ за бегалците

Од:

Во својата анализа за начините на кои што може да се надмине бегалската криза што ја зафати Европа последнава година Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ), влијателна невладина организација со седиште во Брисел, Берлин и Истанбул предлага низа мерки кои што би требало да ги преземе ЕУ а кои таа ги нарекува „План на Меркел“.

Според планот Берлин и Анкара треба да договорат германски азил за половина милион сириски бегалци кои што сега се сместени во бегалски кампови во Турција во идниве 12 месеци, а квоти исклучиво за сириските бегалци би требало да понудат и другите членки на ЕУ.

Турција од своја страна од одреден датум е треба да се согласи да ги врати назад сите нови мигранти кои што заминуваат во Грција од нејзина територија со што ќе се намали бројто на бегалски бродови кои што го минуваат егејското море. Според ЕСИ Германија дополнително треба да се согласи да воведе безвизен режим за турските граѓани од 2016 година.

Според ЕСИ, доколку трендот на бегалци продолжи и во наредниот период а земјите на рутата до Германија продолжат да им асистираат да го продолжат патот во Германија во наредниве 12 месеи би можеле да пристигнат фанстастични 1,8 милиони бегалци поради што потребно е да се преземат итни мерки за спречувањње на овој тренд. Анализата вели дека досегашните мерки како изградба на ѕидови, пунктови за регистрација, зајакнување на граничната служба на ЕУ и крајбрежната контрола и релокација на бегалците не се ефикасни дури и ако се спроведат веднаш.

Хуманитарната криза брзо станува политичка со потенцијал од основа да ја затресе ЕУ смета потписникот на анализата Гералд Кнаус кој што вели дека доколку бегалската криза не биде брзо ставена под контрола таа ќе предизвика пораст на популарноста на екстремната десница која што би добила поголемо влијание во европската политика.

ЕСИ смета дека со оглед на различните погледи на бегалската криза во разлчини членки на ЕУ германската канцеларка Меркел е единствената која што има капацитет и влијание да преземе чекори и затоа својот план го нарекува „планот на Меркел“ иако не се исклучува дека планот е напишан и предложен во координација или со знаење на официјален Берлин каде што ЕСИ се смета за една од најсериозните невладини организации во унијата.

Покрај тоа Меркел според ЕСИ има и интерес да направи нешто затоа што со неконтролираната миграција која што може да експлодира шанса ќе добие крајната десница при што универзалните човекови права ќе паднат на второ место во општата полиитчка слика во Европа.

Елементи на „Планот на Меркел“

Во Турција во моментов има 1,9 милиони сириски бегалци чија крајна цел е Европа поточно Германија и затоа оваа земја треба да воведе квота од 500 илјади решенија за азил кои што би ги примила во наредните 12 месеци. Бројот може да се зголеми доколку Германија ги повика членките на ЕУ да прифатат одредена квота бегалци.

Според планот барањата за азил од страна на Сиријците би можеле да се поднесат и во Турција по што ако добијат повратен одговор бегалците ќе добијат безбеден транспорт до новата земја домаќин. Ова би важело само за Сиријците веќе регистрирани во Турција со што ќе се намали можноста од зголемување на бројот на потенцијални баратели на азил.

Според планот први би заминале бегалците од ранливи категории кои што не можат сами да го минат Егејот и Балканот што значи дека азил најпрвин би добиле деца без родители, стари лица, лиа со посебни потреби бремени жени и самохрани родители. За возврат Турција да ги врати назад сите мигранти кои што не се дел од оваа шема а кои што ќе влезат во Грција. Со тоа ќе се намали бројот на мигранти кои што илегално ја минуаат границата а ќе се намали и бројот на организатори на илегален трансфер на бегалци.

За да се третираат бегалците и истите да се вратат од каде што дошле според законите доволно е Грција да ја третира Турција како „безбедна земја“ при што официјална Атина ќе објави дека сите што на своја рака ја минуваат границата ќе бидат вратени назад во Турција каде што веќе добиваат хуманитарна заштита и не се загрозени.

За да се може планот да се оствари Германија и другите членки на ЕУ треба да понудат финансиска помош на Турција со која би се менаџирала реадмисијата на бегалците вратени од Грција. Со оваа помош Турција полесно ќе се справи со сириските бегалци кои што се сместени таму.

Безвизен режим за Турција во ЕУ

Најконтроверзниот дел од планот на ЕСИ е предлогот Европската комисија да се обврзе наредната година да почне процедура за утврдување дали Турција може да добие либерализиран визен режим со ЕУ и доколку наодите се позитивни ЕК да поднесе предлог за тоа до Јуни 2016 година. Според ЕСИ со оглед на тоа што имплементацијата на договорите за реадмисија меѓу Турција и ЕУ и Грција и Труција е започната во 2013 година а Турција исполнува голем дел од овие договори нема голема пречка за вакво нешто.

Доколку „планот на Меркел“ се усвои за неколку недели според ЕСИ тој ќе има драматичен ефект за бегалците кои што веќе нема да гинат на пат кон ЕУ но и за ЕУ која што ќе може да се подготви навреме за прием на нови мигранти. ЕУ ќе ја врати контрола на својата граница во Егејот а Германија ќе има контрола на бројот профилот на луѓе кои што доаѓаат на нејзина територија. Корист ќе има и за односите Турција – Грција затоа што практична соработка за прашање од обостран интерес ќе ги намали тензиите меѓу двете земји.

Со прифаќање на планот корист би имала и Турција која што освен што би ја зајакнала својата внатрешна безбедност и би добила финансии за сместување ба бегалците би ја добила довербата во Германија и би ги поправила однносите со ЕУ како стратегиски партнер. Доколку согласно планот Германија даде поддршка за либерализиран визен режим тоа би било од голема корист за турските државјани кои што полесно ќе можат да патуваат и да водат бизнис со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он

Чешка и Полска бараат украинските бегалци да почнат сами да се грижат за себе

А1он