Есенска сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа во Стразбур

Од:

Дебатата за Украина и за борбата против неонацизмот, на која ќе учествува претседателот на норвешкиот парламент Олемик Тхомесен, се дел од дневниот ред на есенската сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), што се одржува од 29 септември до 3 октомври 2014.

Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа треба да се изјаснат и за барањето за ургентна дебата за „Заканите кои ги претставува Исламската држава и насилството на кое се изложени христијаните и другите религизони заедници“.

Денеска треба да биде донесена одлука кој ќе биде носител на втората Награда за Човекови права “Вацлав Хавел“.

За наградата годинава се предложени Б’Рселем (Израел), Службата за бегалци на језуитите од Малта и бранителот на човековите права Анар Мамади од Азербејџан.

За оваа награда која ги наградува исклучителните акции на граѓанското општество во одбраната на човековите права во Европа и светот, дотацијата е 60.000 евра.

На дневниот ред покрај ова се наоѓа и годишниот извештај на ОЕЦД и Европската банка за обнова и развој, со учество на нивните раководители. А треба да бидат разгледани и изваештаите за следењето на обврските преземени со членството во Советот на Европа од страна на Албанија и Грузија.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ