„Eрусалим пост“: Иранците употребија касетна муниција во нападот врз Израел

Од:

Иранската војска испалила касетни бомби во централен Израел. „Eрусалим пост“ го објави ова врз основа на снимки на кои се гледаат ракети како користат касетни бомби над централен Израел за време на вчерашниот напад од Иран.

Службата за брза помош „Маген Дејвид Адом“ објави по нападот дека медицински екипи се испратени на местата на нападите во централен Израел и дека полицијата на едно од местата на нападот ја повикала јавноста да се држи подалеку од областа.

Употребата на касетни бомби е забранета со меѓународната Конвенција за касетни бомби, потпишана во 2008 година, но Иран не е потписник на таа Конвенција.

Би можело да ве интересира

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир

Арагчи: САД стојат пред избор – примирје или ескалација

Пезешкијан: Иран ќе одговори решително на нападите и кршењето на примирјето

Кнутов: Ракетната моќ на Иран ги принуди САД на прекин на огнот