Вулканот Плоскиј Толбачик на полуостровот Камчатка повторно еруптира, исфрлајќи пепел и гас високо на небето и формирајќи езеро од лава, соопштија американските медиуми.
Експерт од руската Академија на науките вчера изјави дека досега немало случаи на формирање езера од лава како резултат на ерупцијата на вулкани во Камчатка.
Вулканот исфрли жешка лава 200 метри во височина.
Последното еруптирање на Плоскиј Толбачик беше во ноември, откако претходно вулканот беше „заспан” од декември 1976 година.
Според официјални претставници, сегашните ерупции нема наскоро да престанат, но не претставуваат опасност за летовите над реонот.