Ерупција на вулкан во Јапонија

Од:

Вулканот на јапонскиот остров Кучиноерабу се активира, соопшти Метеоролошката агенција на Јапонија, но нема информации за евентуални жртви.

Во ерупцијата летале камења на растојание 300 метри од кратерот на планината Шинтаке, но не е издадена наредба за евакуација на населението.

Жителите на островот, околу стотина, се предупредни да не се приближуваат повеќе од два километра до вулканот.

Тоа е прва ерупција по 2 февруари минатата година на тој остров, со површина од 36 квадратни километри.

Во мај 2015 година сите жители на островот Кучиноерабу биле евакуирани поради експлозивни ерупции на вулканот.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови