Ердоган: Турција не сака војна

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган не сака војна, но никој не треба да ја става на проба одлучноста на турската влада да ја заштити својата територија.

Ердоган ја истакна неговата желба за мир во неговата земја, безбедност и стабилност во регионот.

„Никогаш не би ни паднало на памет да започнеме војна“, рече Ердоган на прес-конференцијата по состанокот со првиот заменик на иранскиот претседател.

„Република Турција е држава способна да ги брани своите граѓани и своите граници. Не би требало никој да ја става на проба нашата одлучност по тоа прашање“, нагласи турскиот премиер.

Ердоган потсети и на повредата на територијалниот интегритет на Турција од страна на Сирија.

„Ова не е прв пат Сирија да ја гранатира нашата земја. Претходно седум пати се случуваа слични инциденти“, рече Ердоган.

Во Сирија веќе 18 месеци трае бунтот против Асад, која прерасна во граѓанска војна и досега однесе повеќе од 30 илјади животи, според проценките на организациите за заштита на човековите права и опозицијата.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Единаесет лица загинаа, а седум се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во Турција

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија

ВИДЕО: Снимка од ударот на хеликоптерот во болница во Турција

ВИДЕО: Хеликоптер удри во болница во Турција, четворица мртви

Претседателот на Големото национално собрание на Турција во тридневна посета на земјава

А1он