Ердоган: Турција наскоро ќе ги засили мерките против Ирачки Курдистан

Од:

Турција наскоро може да ги засили мерките кон администрацијата на Ирачки Курдистан поради референдумот за независност на оваа автономна област, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на прес-конференција во Техеран.

– Ние веќе презедовме одредени чекори во врска со Ирачки Курдистан, но наскоро ќе бидат преземени дополнителни мерки, рече Ердоган.

Иранскиот претседател Хасан Рохани по разговорите со турскиот колега Ердоган изјави дека двете земји нема да дозволат нарушување на територијалниот интегритет на Ирак и Сирија.

– Ние го потврдуваме територијалното единство на Сирија и Ирак, нема да дозволиме поделби во регионот. Треба да се стремиме кон уште поголема координација за да се справиме со случувањата во Ирачки Курдистан, истакна Рохани.

Според него, референдумот за независност на Ирачки Курдистан е грешка, кој го дефинира како „странски заговор со цел да се предизвика етно-религиозен раскол во Ирак“.

– Ние се стремиме да воспоставиме безбедност и стабилност на Блискиот Исток, рече Рохани.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он