Ердоган: Турција ги поздравува напорите на САД за мир во регионот

Од:

Турција ги поздравува напорите на САД за постигнување мир во регионот, но Израел мора да ги запре нападите за овие напори да бидат успешни, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти неговиот кабинет.

Во соопштението се наведува дека Трамп и Ердоган разговарале за билатералните односи, за време на повикот што го побарала американската страна, и се додава дека турскиот претседател ја нагласил важноста од преземање чекори за зајакнување на соработката меѓу двете земји, особено во одбранбената индустрија, пренесува Ројтерс. Ердоган, исто така, рекол дека нивната средба во Белата куќа минатиот месец ги зајакнала врските меѓу двете земји.

Во соопштението се наведува дека за време на разговорот за ситуацијата во Газа, Ердоган му рекол на Трамп дека Турција работи напорно за постигнување регионален мир и дека ги поздравува иницијативите насочени кон таа цел.

„Ердоган нагласи дека Турција ги зголемила своите дипломатски контакти заради мирот, дека ќе продолжи да ја поддржува визијата за глобален мир и дека запирањето на нападите од страна на Израел е важно за успехот на иницијативите насочени кон постигнување мир во регионот“, се вели во соопштението.

Турција, која ги нарече нападите на Израел врз Газа геноцид и ги суспендираше сите трговски односи со Израел, изрази поддршка за најновиот план на Трамп за ставање крај на војната во Газа.

Би можело да ве интересира

Трамп: Веќе нема да испраќаме 4 милијарди долари годишно во Израел

А1он

Нов правен пораз за Трамп пред изборите: Врховниот суд одби да блокира над 20.000 гласови во Калифорнија

Последните анкети пред изборите во САД: Демократите со голема предност во Претставничкиот дом, неизвесна трка за Сенатот

Предраг Петровиќ

Трамп се подготвува за пораз: „Ако тргнат по Маск, ќе го заштитиме“

Предраг Петровиќ

Трамп вети 5.000 долари за секој Американец ако републиканците победат на изборите

А1он

Ердоган разговараше со Зеленски: Турција е подготвена да стори сè што е во нејзина моќ за мир

А1он