Ердоган: Турција е подготвена за средба на Зеленски и Путин

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ги угости украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин „кога ќе бидат подготвени за состанок“.

За време на средбата со Зеленски во Анкара, Ердоган ја оцени моменталната ситуација како историска можност за почеток на преговори меѓу Русија и Украина и изрази силна поддршка на Турција за дијалогот, како на техничко ниво, така и на највисоко лидерско ниво.

Тој ја повтори подготвеноста на Турција да биде домаќин на евентуален самит меѓу Путин и Зеленски и нагласи дека Анкара придава големо значење на одржувањето отворени канали за комуникација меѓу Москва и Киев.

Руската делегација на преговорите во Истанбул ја предводи помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински.

Средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, која траеше 2 часа и 45 минути во претседателскиот комплекс и беше затворена за медиумите, заврши во Анкара, јави Анадолија.

На состанокот присуствуваа и турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, директорот на Националната разузнавачка служба Ибрахим Калин и советникот на претседателот за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич.

По средбата во Анкара, планирано е заминување на авионот со украинската делегација за Истанбул.

Би можело да ве интересира

Ердоган го обвини Израел: Се обидуваат да го уништат договорот меѓу САД и Иран!

А1он

Израелските разузнавачи тврдат: Џеј Ди Венс му го открил на Ердоган тајниот план за соборување на владата во Иран

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Нетанјаху го прозва Ердоган: 400 години отоманско владеење завршија, би било мудро да се смири“

Ердоган: Турција мора да биде вклучена во европската одбрана

А1он

Мицкоски се сретна со Ердоган – потврдена е стратешката соработка меѓу Македонија и Турција

А1он

Ердоган: ЕУ има поголема потреба од Турција отколку Анкара од Унијата

А1он