Ердоган – Трамп: Двете земји се обединети во борбата против коронавирусот

Од:

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган во телефонски разговор со американскиот колега, Доналд Трамп се осврнаа на ситуацијата во Либија и Сирија, како и за борбата против коронавирусот, соопшти кабинетот на турскиот лидер.

– Денеска имаше телефонски разговор меѓу нашиот претседател и претседателот на САД, Доналд Трамп. Тие разговараа за меѓусебните односи, како и ситуацијата во регионот, посебно во Либија и Сирија. Потврдено е дека двете земји се обединети во борбата против епидемијата на Ковид-19, се наведува во соопштението од кабинетот на Ердоган.

Двајцата лидери, исто така, се согласија да „поддржат тесна политичка и воена соработка со цел воспоставување мир и стабилност во регионот“.

Би можело да ве интересира

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Мет Гаец нема да биде државен обвинител на САД

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД