Ердоган се заканува со поинтензивна офанзива, ако не биде реализирано примирјето во целост

Од:

Турција ќе ја продолжи офанзивата во североисточниот дел на Сирија уште поинтензивно од претходно ако договорот со САД за петдневно примирје не биде реализиран во целост, изјави претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека за Турција не претставува проблем влезот на сириските сили со поддршка на Русија во подрачјата исчистени од курдските Сили за заштита на народот, истакнувајќи оти Анкара не планира да остане на подрачјата под нивна контрола во северниот дел на Сирија.

Претходно, турскиот претседател демантираше дека денеска има судири во Сирија и покрај примирјето.

– Во североисточниот дел на Сирија нема никакви судири изјави претседателот на Турција, Ердоган.

Неговата изјава уследи откако дел од западните медиуми јавија дека се слушаат експлозии на гранати на сириско-турската граница и покрај договореното примирје во траење од пет дена, со цел да се исчисти безбедносната зона од курдските сили.

Ердоган посочи дека безбедносната зона ќе се простира 440 километри долж границата на Турција со Сирија и оти со Вашингтон е договорено истата да навлегува во сириска територија во должина од 32 километри.

Ердоган на синоќешната средба со американскиот потпретседател Мајк Пенс во Анкара постигнаа договор за прекин на турската офанзива во североисточна Сирија. Во разговорите со турските претставници учествуваа и државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан.

Американските претставници пристигнаа во Анкара за да го предупредат Ердоган дека ќе се соочи со дополнителни американски санкции ако не ја прекине офанзивата во Сирија.

Турција на 9 октомври, два дена по одлуката на Трамп за повлекување на американските војници од Сирија, ја покрена операцијата Извор на мирот против курдските сили. Анкара истакна дека цел на операцијата е да создаде „тампон зона“ за заштита на турската граница, во која би можеле да се вратат сириските бегалци од Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години