Ердоган: Санкциите и заканите нема да не спречат да трагаме по енергенси

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека „санкциите и заканите“ нема да ја одвратат Турција од потрагата по енергенси во источниот Медитеран.

„По ова прашање, нашата земја има право и ние ќе ги браниме нашите права со сите средства што ни стојат на располагање. Ние нема да се повлечеме поради санкциите и заканите“, рече Ердоган.

Тензиите растат во источниот Медитеран, каде се откриени големи резерви на гас во претходните години. Ова ги поттикна апетитите на крајбрежните земји. Анкара во понеделникот испрати истражувачки брод придружуван од воени бродови во област што Грција ја смета за нејзината територија .

Министрите за надворешни работи на ЕУ се сретнаа за да изразија солидарност со Грција и да повикаат на деескалација. Грчката влада побара конкретни чекори против Турција, а европските земји ќе разговараат за ситуацијата во источниот Медитеран на состанок кон крајот на август.

Франција, во четвртокот, го зголеми своето воено присуство во регионот во знак на поддршка за Грција. Односите меѓу Париз и Анкара се затегнати во последните месеци.

Би можело да ве интересира

Ердоган му порача на Путин: Договорот меѓу Турција и Русија е клучен за мирот во регионот

А1он

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Горан Наумовски

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

1.900 лица приведени во Турција за време на протестите против апсењето на Имамоглу

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул, го навредија Ердоган

А1он