Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за да му обезбедат безбедност на Израел.

„Добро познат факт е дека САД ги користат терористичките организации во регионот за свои интереси, но и за безбедноста на Израел“, рече Ердоган во обраќањето пред новинарите во претседателскиот авион за време на неговото враќање од Русија по самитот на БРИКС, јавува Anadolu Agency.

Тој, исто така, додаде дека Турција покрена иницијатива во рамките на Обединетите нации (ОН) за воведување сеопфатно ембарго за оружје на Израел, бидејќи засилените напади на Израел врз Газа и Либан продолжуваат да одземаат стотици животи секој ден.

Ердоган нагласи дека расте бројот на земји кои го поддржуваат апелот на официјална Анкара за ембарго за испорака на оружје за Израел.

„Се надеваме дека ќе успееме во ова како Алијанса на човештвото и ќе ја отвориме вратата за траен мир“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он