Ердоган: Општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај

Од:

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај, еден месец пред датумот што го објави претходно.

Анкетите покажуваат дека парламентарните и претседателските избори ќе бидат неизвесни и ќе бидат најголемиот тест за поддршка на Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот (АКП) во изминатите две децении.

Ердоган обраќајќи им се на пратениците од неговата АКП истакна дека Турците ќе гласаат на истиот датум како и на изборите во 1950 година. На изборите на 14 мај 1950 година, Демократската партија ја победи Републиканска народна партија (ЦХП), која владееше со Турција 27 години од нејзиното основање и е најголемата партија во денешниот опозициски сојуз.

Минатата година Ердоган најави дека гласањето ќе се одржи во јуни.

Владејачката АКП сe уште е најсилната турска партија и најверојатно ќе остане значајна сила во Парламентот, но анкетите покажуваат дека Ердоган имал помал рејтинг од некои потенцијални предизвикувачи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел