Ердоган: Одам кај Путин, ЕУ не лаже пола век

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по сите медиуми ја разгласи својата утрешна посета на Русија, на која ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Се очекува нивната средба да отвори нова страница во односите на двете земји.

-Ова ќе биде историска посета, нов почеток. Верувам дека разговорите со мојот пријател Владимир Путин ќе отворат нова страница во билатералните односи. Нашите држави имаат многу работи кои може да ги направат заедно, рече Ердоган во интервју за новинската агенција ТАСС.

Тој кажа дека Европската унија избегнува да го исполни ветувањето и ја “лаже Турција веќе 53 години“.
Во интервјуото со заменикот на генералниот директор на ТАСС, Михаил Гусман, Ердоган рече дека учеството на Русија е од витално значење за изнаоѓањето решение за Сирија.

Обидот Турција да влезе во ЕУ трае од 1963 година, кога стана придружна членка на Европската економска заедница.
Барањето за влез во унијата, Турција го поднесе во април 1987 година.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор