Ердоган номиниран за Нобелова награда за мир поради неговите напори за решавање на кризата во Украина

Од:

Претседателот на турскиот парламент, Мустафа Шентоп, објави дека го номинирал турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за Нобеловата награда за мир за неговите напори за решавање на кризата во Украина.

„Го номинирав претседателот Ердоган за Нобеловата награда за мир поради неговите напори да воспостави мир меѓу Русија и Украина“, изјави Сентоп за весникот Стар, пренесува РИА Новости.

Од почетокот на војната во Украина, Турција постојано учествуваше како посредник меѓу Русија и Украина.

Со посредство на Турција и ОН, на 22 јули беше склучен договор за извоз на земјоделски производи од Украина, Црноморската иницијатива за жито, која на 17 ноември беше продолжена за 120 дена.

Договорот помогна да се избегне глобална прехранбена криза со тоа што дозволи извоз на храна и ѓубрива од неколку црноморски пристаништа во Украина блокирани од Русија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел