Ердоган: Не употребивме хемиско оружје

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека турската армија никогаш не користела хемиско оружје и дека строго се придржува до меѓународното право.

Тој додаде дека може да се преземат правни мерки против оние кои упатиле такви обвинувања, објави турската државна НТВ.

„Нашите вооружени сили никогаш не користеле хемиско оружје. Има такви кои секогаш ќе се обидуваат да ви го уништат угледот. Но, ние ќе ги бараме одговорни за таквите обвинувања, во согласност со законот“, им рече Ердоган на новинарите во авионот додека се враќаше од бизнис патување од Азербејџан.

Неговите коментари уследија откако турските власти во четвртокот категорично ги отфрлија коментарите на Меѓународната организација на лекари против нуклеарна војна дека турските вооружени сили користеле хемиско оружје во операциите против курдските милитанти во северен Ирак.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел