Ердоган не исклучува продолжение на операцијата „Извор на мирот“

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган не ја исклучува можноста од продолжение на задграничната операција „Извор на мирот“ во Сирија.

Таквата можност Ердоган ја најави во разговор со новинарите во неговата претседателска палата во Анкара, по враќањето од посетата на Унгарија, јави денеска телевизијата НТВ.

-Нема сомнение. Нема да застанеме се додека и последниот терорист не го напушти регионот. Нема да ја напуштиме (Сирија) откако другите земји ќе си заминат. Го поддржуваме територијалниот интегритет и единството на Сирија, рече Ердоган на прашањето на новинарите дали е можно продолжување на воената операција.

Турскиот претседател кажа и дека Анкара никако не сака да го види распадот на Сирија. Тој повтори дека Турција има право да ја изведува операцијата врз основа на пактот од Адана.

-Доколку регионот не биде исчистен од терористички организации, ние ќе продолжиме со операцијата врз основа на пактот од Адана, рече Ердоган.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години