Ердоган: Наскоро ќе биде затворен воздушниот простор и границата со Ирачки Курдистан

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска најави дека Анкара наскоро ќе ги затвори воздушниот простор и границата кон Ирачки Курдистан, како одоговор на курдскиот референдум за независност, што беше спроведен на 25 септември.

– Летовите до северен Ирак се прекинати, воздушниот простор и границата, исто така наскоро ќе бидат затворени, нагласи Ердоган.

Тој посочи, дека одлуката за спроведување на референдум за независност само ја покажува „целосната неблагодарност“ на Владата во Ирачки Курдистан, која разви тесни трговски и политички врски со Турција.

– Ние сакаме курдската регионална Влада да ја добие потребната поука од грешките и колку што е можно поскоро да преземе чекори, со цел да ги поправи, додаде турскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он