Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му порача на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во телефонски разговор во понеделник дека претстојните разговори меѓу САД и Иран мора да се искористат максимално за да се постигне траен мир, соопшти кабинетот на Ердоган.
Ердоган нагласи дека е клучно да не им се даде можност на оние кои сакаат да го поткопаат процесот и додаде дека Турција е подготвена да помогне на кој било начин во новата фаза од разговорите, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно во понеделник изјави дека е „многу оптимист“ дека е можен мировен договор со Иран, додека дипломатска делегација предводена од потпретседателот Џ.Д. Венс се подготвуваше за разговори во Пакистан со цел да се стави крај на речиси шестнеделниот конфликт.
