Ердоган ја предупреди Грција да не се приближува до Турција во Егејско Море, во спротивно ќе плати висока цена

Од:

Портпаролот на Европскаткомисија, Петер Стано, ја повика Турција да се воздржи од реторика на ескалација кон соседна Грција, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тој одговарајќи на новинарско прашање, по изјавите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган дека Грција „ќе плати висока цена„ ако се приближи до турската морска граница, портпаролот за надворешна политика, Петер Стано, ја осуди Анкара.

– Овие непријателски изјави се извор на многу сериозна загриженост, ставот на ЕУ останува многу јасен, очекуваме Турција да се воздржи од реторика на ескалација и да се посвети на добрососедски односи, рече Стано.

Ердоган ја предупреди Грција да не се приближува до Турција во Егејско Море и да не ги вознемирува турските бродови, затоа што во спротивно ќе плати висока цена. Изјавата доаѓа во контекст на големи тензии меѓу Грција и Турција околу морските граници и Кипар.

Портпаролот Стано побара од Турција да ги реши проблемите преку дијалог, во дух на соработка и со почитување на меѓународното право.

– Грција е земја-членка на ЕУ и суверенитетот и интегритетот на земјите членки на ЕУ мора да се почитува, рече Стано.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Ердоган: Протестите за апсењето на Имамоглу се претворија во насилно движење