Ердоган: Хамас не е терористичка организација

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган обраќајќи им се на претставниците на неговата партија во парламентот го коментираше конфликтот на Блискиот Исток.

„Израел заедно со Западот може да го гледа Хамас како терористичка организација. Западот ви должи многу. Но Турција не ви должи ништо“, им порача Ердоган на Израелците.

„Хамас не е терористичка организација, тоа е група муџахедини кои ги бранат своите земји“, рече Ердоган.

Турскиот лидер потврди дека ги откажува плановите да го посети Израел поради „нехуманата“ војна, пишува The Times of Israel.

„Имавме проект да одиме во Израел, но тој беше откажан, нема да одиме“, рече тој.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, говорејќи во Катар, го обвини Израел за „злосторства против човештвото“ за време на воените операции во Газа.

Би можело да ве интересира

Главни точки од договорот за прекин на огнот помеѓу Израел и Хамас

А1он

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Гутереш вети поголема помош на ОН за Газа