Ердоган ги критикува ОН за инертност во врска со Сирија

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го критикуваше Советот за безбедност на ОН поради недејствување во врска со Сирија, истакнувајќи дека светските суперсили ги повторуваат грешките коишто довеле до масакрот во Босна и Херцеговина кон крајот од минатиот век.

„Советот за безбедност на ОН не интервенираше во Сирија и покрај сите наши напори. Ова однесување го охрабрува, му дава зелено светло на Асад, да убива десетици или стотици луѓе секој ден”, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

„Многу е тажно што Обединетите нации денеска се беспомошни како и пред 20 години кога го гледаа масакрот на стотици илјади луѓе на Балканот, во Босна и Сребреница”, додаде Ердоган.

Западот ги обвинува Русија и Кина дека користејќи го правото на вето во Советот за безбедност го блокираа носењето резолуции за Сирија, а со тоа и преземање порешителна меѓународна акција за сопирање на сирискиот конфликт.

Москва и Пекинг го образложија одбивањето, да се согласат со понудените нацрт-резолуции сметајќи ги текстовите за еднострани, односно дека со нив само се осудува едната страна, во случај на владините сили на претседателот Асад, но не и насилствата од вооружената опозиција и бунтовничките групи.

 

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он