Ердоган: Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим им припаѓаат на Палестинците

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Појасот Газа им припаѓа на Палестинците, заедно со Западниот Брег и Источен Ерусалим.

„Исто како и Источен Ерусалим и Западниот Брег, Газа им припаѓа на Палестинците. Ако даде Господ, нашите браќа и сестри во Газа ќе продолжат да живеат вечно на земјата каде што се родени“, рече Ердоган во говорот по состанокот на владата во Анкара.

Остро критикувајќи ги злосторствата на Израел во Газа, Ердоган подвлече дека ништо не може да се постигне во Газа со сегашното израелско крвопролевање и прекинувањето на протокот на храна и медицинска помош.

„Сега мора да се признае дека ништо не може да се постигне во Газа со пролевање повеќе крв, убивање на повеќе деца и оставање на луѓето гладни, жедни и без лекови“, рече тој.

Турскиот претседател повика на итно смирување на тензиите меѓу Пакистан и Индија.

„Сакаме зголемените тензии меѓу Пакистан и Индија да се смират што е можно поскоро, пред да се претворат во посериозна ситуација“, рече Ердоган.

„Турција во секоја прилика нагласува дека не сакаме нови конфликти во нашиот регион и пошироко“, нагласи тој.

Ердоган изрази сочувство и до Иранците кои загинаа во експлозијата на пристаништето во близина на градот Бандар Абас.

Би можело да ве интересира

Путин – Ердоган: Интензивните борби на Блискиот Исток носат ризици што ги надминуваат границите на регионот

А1он

Ердоган: Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

А1он

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Ердоган за конфликтот во Иран: Овој оган мора да се изгасне пред да се рашири!

А1он

Муцунски во Истанбул на средба со Ердоган

А1он

Трамп го покани Ердоган во „Комитетот за мир“

А1он