Ердоган: Формирањето на палестинска држава не може повеќе да се одложува

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека формирањето на суверена палестинска држава со главен град источен Ерусалим не може повеќе да се одложува.

„Воспоставувањето на суверена и територијално целосна палестинска држава врз основа на границите од 1967 година, со источен Ерусалим како главен град, не може повеќе да се одложува“, рече Ердоган на прес-конференција со индонезискиот претседател Прабово Субианто во градот Богор на западниот остров Јава.

Турскиот претседател оцени дека другите земји во регионот нема да можат да постигнат стабилност додека Палестинците во Појасот Газа не најдат мир.

Турскиот претседател потврди дека Турција ќе продолжи да работи со Индонезија во напорите за обнова на Појасот Газа по повеќе од 15 месеци немилосрдни израелски напади.

„Вкупната штета предизвикана од израелските напади што траеја 15 месеци е близу 100 милијарди долари. Според правните принципи, штетата треба да се наплати од сторителите“, рече Ердоган, пренесе Танјуг.

Би можело да ве интересира

Путин – Ердоган: Интензивните борби на Блискиот Исток носат ризици што ги надминуваат границите на регионот

А1он

Ердоган: Турција работи на воспоставување мир во војната на САД и Израел против Иран

А1он

Ердоган: Израел нè турка во катастрофа, светот мора да го разбере ова варварство и лудило

Ердоган за конфликтот во Иран: Овој оган мора да се изгасне пред да се рашири!

А1он

Муцунски во Истанбул на средба со Ердоган

А1он

Трамп го покани Ердоган во „Комитетот за мир“

А1он