Ердоган даде налог да се почне со изградбата на гасниот чвор во Турција за руски гас за Европа

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и нареди на владата во Анкара да почне со градежните работи на „гасниот чвор“ во Турција, објавија денеска турските медиуми.

Изградбата треба да почне по предлогот на рускиот претседател Владимир Путин заради извоз на рускиот гас во Европа.

-Заедно со претседателот Путин дадовме наредба на нашето Министерство за енергетика и надлежната институција во Русија да изведување на заедничкиот потфат, изјави Ердоган на враќање од Казахстан, каде што се сретна со рускиот претседател.

За време на состанокот со Ердоган во Астана, Путин предложи создавање гасен чвор во Турција за снабдување на Европа со руски гас.

Тој кажа и дека маршрутата низ Турција се покажала како најсигурен начин за испорака на гасот до Европската унија во време кога руските испораки на ЕУ се погодени од санкции и протекувањето на гасоводите „Северен тек 1 и 2“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ердоган: Сириските Курди или ќе го положат оружјето или ќе бидат погребани со нив

Ердоган: Турција го отвора преминот Јајладаги за безбедно враќање на сириските мигранти

Ердоган: Сирискиот режим мора да се вклучи во вистински политички процес

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел