Ердоган: ЦИА не се фокусираше целосно на убиството на Кашоги

Од:

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ЦИА не се фокусирала целосно на убиството на новинарот Џамал Кашоги, јави Анадолија.

Во гостување во заедничката програма на националните телевизии „АТВ” и „А Хабер”, турскиот претседател ја коментираше истрагата во врска со случајот за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, при што нагласи дека американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) не се посветила доволно околу ова прашање.

-ЦИА не се фокусираше целосно на убиството на Кашоги, САД треба да стават тежиште на ова прашање. Ние сме посветени тоа прашање да го изнесеме пред меѓународен суд, рече Ердоган.

Тој додаде дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп нема единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија.

-Администрацијата на Трамп дава впечаток дека е далеку од единствен став во врска со најавата за повлекување на трупите од Сирија, рече турскиот претседател.

 

Би можело да ве интересира

Ердоган му порача на Путин: Договорот меѓу Турција и Русија е клучен за мирот во регионот

А1он

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

ЦИА тврди: Украинската војска е потценета, украинските сили се борат за траен мир

Горан Наумовски

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул, го навредија Ердоган

А1он

Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани

А1он