Ен-Би-Си: Саудиски дипломати во Вашингтон можно е да се вмешани во скандал со „модерно ропство“

Од:

Американските власти истражуваат вмешаност на саудиски дипломати во Вашингтон во можен случај на „модерно ропство“, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на Секретаријатот за државна безбедност на САД.

Полицијата реагирала по информација доаѓајќи до влезната капија на имот во елитната населба Меклин, и спасиле две државјанки на Филипини.

Американската телевизија јави дека една од жените побегнала така што во последен момент се провлекла низ влезната капија што се затворала. Засега не е јасно дали жртвите сами повикале полиција или некој друг го сторил тоа. Тие сега имаат полициска заштита.

Портпарол на Стејт департментот Патрик Вентрел изјави дека истрагата е во почеток и оти се компликува поради можноста во целиот слулчај да се вмешани луѓе со дипломатски имунитет.

Републиканскиот конгресмен Френк Вулф предупредува дека дипломати од Саудиска Арабија злоупотребуваат можност од своја држава да донесат луѓе за извршување работи низ домот.

– Ги носат со себе, работат по седум дена во неделата без одмор, а им ги одземаат пасошите, наведе конгресменот.

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа